Skip to main content

Филмот што го привлече вниманието на светската филмска сцена- „Двајца обвинители“ денеска во Кинотека

Филмот што го привлече вниманието на светската филмска сцена — номиниран за Златната палма и со светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Кан. Својата фестивалска успешна приказна ја заокружи на 32. Европски филмски фестивал во Палиќ, каде што ја освои наградата „Златна кула“ за најдобар филм во главната натпреварувачка програма.

ДВАЈЦА ОБВИНИТЕЛИ

Two Prosecutors

Сергеј Лозница / Холандија, Франција, Германија / 2025 / 117 мин

Проекции:

Понеделник, 16 февруари

20:00

Поврзани вести