
Филмот „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова, денеска, на 4 мај во 18 часот во „Синеплекс“ ќе има бесплатна кинопроекција. Пред почетокот на филмот ќе има разговор со дел од екипата. Филмот е по сценарио на Венинова и е дел од иницијативата на Агенцијата за филм за прикажување на македонски филмови и доближување до публиката.
Во главните улоги играат: Камка Тоциновска, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Продуцент е Гоце Кралевски. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт.
Станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот.

Македонски



