Skip to main content

Едукативни панели со дерматолози и фармацевти за тајните на корејската убавина

Од 8 до 10 мај ќе се одржи голем фестивал „Откриј ги тајните на корејската убавина“ со содржина посветена на современите трендови за нега на кожа, настан, кој ќе ја доближи корејската козметика и нејзиниот глобален пристап кон убавината до домашната публика.

За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и пристап за нега, како и до ефектот за сјајна и мазна кожа, кои во последните години стануваат сè поприсутни и кај нас.

Фестивалската програма, предвидува секој ден и едукативни панел-дискусии на кои експерти, фармацевти и дерматолози ќе говорат за современата дермокозметика, активните состојки и придобивките од корејскиот пристап кон убавината.Фестивалот е можност посетителите директно да се информираат, да споредат и да откријат производи, кои одговараат на нивните потреби, во период кога негата на кожа станува сè поважен дел од секојдневието.

Корејската козметика се издвојува по тоа што нуди практични и ефективни решенија за различни типови кожа и возрасти. Таа подеднакво е прифатена кај тинејџери кои се соочуваат со првите проблеми на кожата, како и кај возрасни жени и мажи кои бараат одржување на здрава, хидрирана и негувана кожа. Производите се базираат на лесни текстури, природни состојки и постепени резултати, со фокус на секојдневна нега, а не на брзи и агресивни третмани. Ваквиот фестивал е можност на едно место да се добие појасна слика за тоа што значи „K-beauty“ и како може да се примени во секојдневната рутина.

Поврзани вести