Skip to main content

145 милиони денари дополнителни сретства за Агенцијата за филм, со ребаланс на буџетот, а со измената на Законот за игри на среќа Агенцијата ќе добива три отсто

Со ребалансот за 2025 година ќе се обезбедат дополнителни 155 милиони денари за субвенции и поддршка на туризмот, како и 145 милиони денари дополнителни средства за Агенијата за филм.

Како што соопшти денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со измената на Законот за игри на среќа што е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се добиваат четири проценти од уплатените давачки за игри на среќа, а Агенцијата за филм ќе добива три отсто.

Овие дополнителни средства претставуваат силен инпут за развојот на овие два силни сектора. Ова е нешто што го ветивме и пред да дојдеме на овие позиции и посебно сум среќен што за една година ги завршивме сите процедури, нагласи Љутков на деншната прес-конференција на која даде отчет за сработеното.

Поврзани вести