
„Си замина дел од моето второ семејство. А, заедно со нив, и душава моја. Остана само пепел и празнина. Кој би рекол дека празнината може толку силно да боли?“, придружниот вокал Ана Костадиновска се прости од своите колеги од ДНК.
Таа преку својот фејсбук-профил ја изрази својата огромна тага по трагедијата.
Таа објави и фотографија од нејзините колеги кои не се спасија во пожарот кој ја зафати дискотеката Пулс во Кочани, за време на настапот на бендот.

Ана и Сара Пројковска беа долгогодишни соработнички, кое придружуваше бројни македонски изведувачи на сцената. Костадиновска ѝ посвети емотивна проштална порака на својата колешка и блиска пријателка.
„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа… ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден“, напиша таа.
Владимир Блажев – Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се тројцата од бендот ДНК кои преживеаја во пожарот кој одзеде 59 животи.