
Популарниот фолк пејач Миле Кузмановски на 24 декември ќе одржи концерт по повод неговиот јубилеј- 35 години од кариерата.
Концертот ќе се одржи во НОБ во придружба на Камерниот оркестар.
Времето летна, еве дојдовме до 35 години од појата песна. На концертот ќе бидат опфатени дел од моите песни, бидејќи досега сум снимил над 130 и невозможно е сите да ги отпеам. Скако дека ќе ја пеам „Не кани ме“, „Крал без круна“, „Се што побарав од тебе Господе“ и многу други. Планирам да повикам и гости, но засега не ги откривам нивните имиња, нека бидат изненадување, вели Миле.