Skip to main content

Лила: Куме мој, “Ако утре ме нема” ти реков дека многу ми се “свиѓа”, без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина

По траорната вест за над 60 починати во пожарот во дискотеката во Кочани и стотици повредени, за жал, животот го изгуби и еден од главните вокали на ДНК- Андреј, кој помагајќи на присутните да ги спаси од огнената стихија, и него го зеде… Цела Македонија е во шок, не се знае кој што пишува и кажува, надлежните се на терен…

Многумина се простуваат од Андреј, меѓу кои и водителката Лила Филиповска која со емотивен статус се прости од пријателот и изрази сочувство:

„Куме мој

Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест

Кога ми ја пушти песната “Ако утре ме нема” ти реков дека многу ми се “свиѓа” без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина
Те нема веќе куме ама само физички… во срцата на оние кои те сакаат ќе те има засекогаш
Летај куме летај со ангелите и чувај нѐ од горе а ние вечно ќе те памтиме и ќе ни фалиш

Искрено и длабоко сочувство до твоето прекрасно и неутешно семејство“

Поврзани вести