
Српскиот пејач Аца Лукас објави дека синоќа, засега непознати лица се обиделе да го убијат на Јахорина.
По синоќешниот настап на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач, едвај се спасивме живи. Се обидоа да нè убијат“, напиша Лукас на Инстаграм.

Пред помалку од два месеци, фотографија од озогласениот бошњачки командант од војната во БиХ, Насер Ориќ и Аца Лукас, која се појави на социјалните мрежи, предизвика бура од коментари и бројни реакции.
Поради оваа ситуација, Јахорина официјално го откажа настапот на Лукас.
Како што објави „Hyptv.rs“, Н.М. се обидел да го убие Лукас со неговиот службен автомобил, а фолкерот во тој момент бил со својот возач.

Македонски




