Српскиот пејач Аца Лукас реагираше на ставовите кои Северина јавно ги споделува за Србите. Тој ја нарече хрватската пејачка „обична будала“.
Северина е една обична будала. Ова е жена која си дозволила себеси да прави работи кои не надвор од паметот. Тоне сè подлабоко и подлабоко… го почитувам тоа што го мисли, но како можеш ти, кукло моја, да оправдуваш вакво плукање за еден народ, а двајцата мажи ти се Срби. Еден од нејзините сопрузи е Србин. Нејзиниот втор сопруг е Србин. Ајде, како ќе им го објасни сето тоа на своите. Што зборуваш, а половина живот си го поминала во Србија. Беше 30 пати попопуларна во Србија отколку во Хрватска. Снимив дует со неа, песната беше завршена, но таа го започна со сето ова…,“ изјави Аца Лукас во еден поткаст.
Северина не престанува да зборува негативно за Србите во своите јавни настапи. Таа во интервју за босанскиот портал „Кликс“ даде неколку скандалозни изјави против Србија и Србите додека зборуваше за случајот од август кога беше запрена на српската граница на проверка, што беше редовна процедура, по што и беше дозволено да влезе во Србија, но самоиницијативно се врати во Хрватска.