
Годинашното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 26 февруари до 5 март 202 година.
На Струмичкиот карневал 2025-та ќе се претстават 34 карневалски групи и една поединечна маска со вкупно 1058 учесници од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија. Седумдневните карневалски случувања во Струмица, официјално започнуваат денес со предавање на клучот на градот на карневалистите.
Главната вечер е на 1 март 2025. Карневалската поворка со почеток во 18:30 часот на главниот плоштад Гоце Делчев.
Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери.
