Skip to main content

Бесплатен концерт на „Луфтанза“ пред Дом на АРМ

Утре (5 октомври, недела) со почеток од 12:00 часот, пред платото на Дом на АРМ ќе се одржи бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд – Луфтанза. 

Бендот е формиран во текот на карантинот во 2020 година како плод на долго пријателство и заедничко музичко создавање. Нивниот стил се карактеризира како свеж, енергичен рокенрол со искрен, бунтовен дух и допадлив ентузијазам. Членови на бендот се Лука Јованоски, Мартин Џорлев, Иво Николовски, Раде Биковски, Виктор Стојановски и Андреј Димовски.

Програмата на ЅИРНИ 7 продолжува со тимовите кои работат на 48 часовниот филмски предизвик. Проекциите на нивните филмови се закажани за 6 октомври (понеделник). Музичката програма за вечерва е закажана од 20 часот во КОТУР со диџеј Зоки Бејбе.