
Некогаш е навистина тешко да се пронајдат адекватни зборови како нешто да се најави. Но, еве, да пробаме… За нас, верувајте, не постои во моментов поголемо задоволство од тоа да споделиме со Вас дека ова лето во Македонија доаѓа човекот кој е многу повеќе од најголемиот DJ на сите времиња, човекот кој е институција самиот по себе и надвор од индустријата од која доаѓа… ARMIN VAN BUUREN!“ – велат од Авалон продукција.
Неговото навистина супер спектакуларно шоу (тие што го гледале знаат точно за што зборуваме) ќе се одржи во Битола, на Градскиот стадион “Петар Милошевски” на 3 август! И да, настапите на Армин се уникатни и од музички аспект (не само од визуелен) и тоа е тоа што го прави поразличен од сите други кои доаѓаат од индустријата на електронската музика и тоа што го става заедно со Massive Attack и Nick Cave не само како важен музички настан, туку и настан од значење за културата ова лето во Македонија.
И така, Битола не само што за прв пат во својата историја добива настан со А класа светски музички артист, туку, за Илинденските празници може да очекува и сериозна македонска и регионална инвазија. Како еден од најубавите и најмонументални градови во овој дел на светот… сосема заслужено!
Сите информации за влезниците ќе бидат објавени вечерва во 21:00.
Доаѓа времето на BITOLA OPENAIR!