Skip to main content

Тие коишто доаѓаат носат, тие коишто одат оставаат, а ВМРО-ДПМНЕ расте ли расте!

Ете тоа е ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ, тоа е што ја прави Организацијата и Партијата посебна, единствена, неповторлива и вечна.

Наспроти оваа ГОЛЕМИНА, ВРВ за многумина неосвоив, има една минорна партијка СДС – ОЗБОРУВАЧКА, без програма и платформа, духовно осакатена, од патриотски чувства ослободена од самото рождество, што ја сведува како на група на туристичка екскурзија во овој сериозен момент на политичка борба, многу значаен за МАКЕДОНИЈА, ај што не учествуваат и немаат никаква одговорност, туку се тука само да ги усложнуваат, да ги отежнат процесите.

Вака поставени, никакви, не знае човек што да мисли, освен што е во едно сигурен, дека се задоени со исконска омраза кон својот МАКЕДОНСКИ РОД. Но, толку се СЛАБИ што не се неспособни дури и да наштетат.

Сега, еден личен осврт на најновите промени од последната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Триесет и шест скоро години (36) и еве сум сведок од прва линија на нашата борба за МАКЕДОНИЈА. Низ тие поминати бурни времиња и уште поподготвени за тешките искушенија што доаѓаат за нашиот народ, МАКЕДОНИЈА носена на силните рамена на ВМРО-ДПМНЕ која е партија што сигурно и непоколебливо ја има зацртано траекторијата што нé води кон конечно исполнување на сите копнежи, желби и остварени цели за среќна, безгрижна, слободна и демократска држава, што како за крајна цел ја има ВМРО-ДПМНЕ предводена од Лидерот Христијан Мицкоски, несебично, многу добронамерно и од срце да ја подари на најдолго обесправениот народ во Европа.

Ете, оваа света мисија, што ДЕЦАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ја имаат пред себе, ги прави предодредени однапред да ја прифатат улогата што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД со премолчена заповед им ја доверил. Тоа е заповед на НАРОД што не смее да се одложи, промени или не дај Господ да не се изврши.
Непријателите, се бројни, силни, подмукли и не бираат средства да нé спречат.

Но, не можат! Не можат против нашата храброст, нашата верба, нашата искрена љубов, зачинета со мудрост и трпеливост, за реакција во прав момент.

Не се прави ГАЛАМА кога нас не ни одговара, туку тогаш кога на оној кој што го имаме наспроти себе. Тоа е правото време за нас и за нашите зацртани цели кои се толку свети што никој не може да не попречи на патот да ги реализираме.

ВМРО-ДПМНЕ сиве овие години е бистра река што тече, не застанува и оди кон устието на големото море.

На тој пат има моменти кога руши сé пред себе, понекогаш низ нашите долини од изворот до устието мирно тече, мудроста пак многу ретко нé учи некои големи ридишта и карпи да ги заобиколиме, но никогаш да не застанеме.

ВМРО-ДПМНЕ и ВОДАТА секогаш си го пронаоѓаат својот ПАТ.

Идеологија, кауза, атмосфера, амбиент, честитост, тврдокорност и мудрост е тоа што сето заедно во едно цело ги има во ВМРО-ДПМНЕ.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НЕИМАРОТ на оваа неосвоива тврдина, што постојано се гради, надградува и шири, однапред ги реформира и ги зацврсти принципите, начелата и вредностите што секој од нас треба да ги поседува но не и да ги чува за себе како некоја си музејска вредност што ретко е на увид на народот, напротив, во секој миг од својот живот да ги открие, да ги понуди на оној за кого се наменети.

А, ТОЈ за кого се наменети е многу ГОЛЕМ недостижен ако мислиш да му се ТОПОРИШ, ами единствено покорно и со радост да му СЛУЖИШ. Нему и на Господ можеш да му паднеш на колена и само од нив да добиеш благослов и благодарност. Тоа е вечност. Сé останатото е минливо.

Сам одбери. Ќе бидеш минливост што никој нема да те забележи или ќе бидеш запаметен и сместен, за навек, во вечноста.

Ете, тоа се светите дарови што секој новоизбран или поставен ги дарува и ги вградува во духовната палета на борбата, знаењето, умешноста, љубовта, честа, чесноста, патриотизмот и лојалноста, што пак од друга страна, тие коишто одат на други позиции ги оставиле на новодојдените да продолжат и доизградат,

Луѓето на ВМРО денес во продолжение и персонификација во ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЧУДО.
ЧУДО се за сите тие коишто не се како нив, за нас се ЕДНОСТАВНОСТ најблизу до СОВРШЕНСТВО.
Благодарност кон сите лидери коишто нé учевте на вакви светии.

ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО АКТУЕЛНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ ПРОФЕСОР ДОКТОР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ШТО КАЈ НЕГО ДОКТОРИРАВМЕ НА ОВАА ТЕМА.

Поврзани вести