Skip to main content

Раскажувачи и прераскажувачи на басни

facebook/ Hristijan Mickoski



За оние кукавици кои можеа и знаеја, а ништо не направија –
За оние дебили кои ниту знаеја, ниту можеа, а направија големо зло –
Најглупавата изрека на прекор е: “Кога јас тогаш ви велев.“

Кога ти тогаш ни велеше, а немаше сили да го спроведеш, подобро да молчеше и сите ние да мислевме дека си глуп, отколку сега после толку поминато време и настани да се решиш, да проговориш и да потврдиш дека навистина си ГЛУП.

Денес, во време на ерупција на информатиката и за жал, достапна на секој егзибиционист, читателите се постојано измачувани и малтретирани од настапите бројни таленти, филозофи и поранешни значајни личности кои патувајќи низ ова, од нив самите, создадено немирно македонско време продолжуваат со намалена жестина и без нималку срам и намус, со своето сега веќе смешно и надминато за ова време и услови, бедно познавање на комплетно радикално променети општествени движења што воопшто не ги разбираат.

Поголемиот дел од нив, навистина се прегазени од времето и изгубени во просторот, а другите, платениците и подбуцнувачите знаат што прават опседнати од врховниот командант на нивната изопачена совест, омразата кон сопствениот народ, беспоговорно ги извршуваат сите заповеди.

Омразата е најсуровиот командант што човекот од обичен домаќин и цивилизиран граѓанин го претвора во безмилосен, еднаков со озлогласените управители на концентрационите логори.

Само што сега, мислиш дека нема жици, тељови и високи огради, туку токму гранците на татковината го оцртува нивниот опсег на дејствување за да предизвикаат кошмар и да ја оцрнат и исмеваат најсветлата особина човечка, патриотизмот и родољубието кај МАКЕДОНЕЦОТ.

За среќа, само во нивниот многу мал и ограничен мини космос на докажување, и самозадоволување, без репродуктивна моќ на признати онанисти, карактеристично за нив, се апсолутно немоќни, па затоа сиот свој бес, омраза и гнев го истураат врз својот народ кој право ги отфрла како неприфатливи, целосно маргинализирани и безопасни.

Залудно се обидуваат да бидат автентични, што ќе рече, нивните информации, сознанија, учество биле инсајдерски, кога народот, таквите “фраери“ благодарение на и за него сега благословена можност, да ги распознаат мотивите и препознаат личностите, така да лесно и умешно направат заклучоци и ја препознаваат вистината, воопшто не ставајќи ги на маслат, нивните крајно противречни мислења и тврдења, тогаш и сега.

Апсолутно недолично и идиотски е да му сервираш на својот народ спасоносни идеи што ниту тогаш нешто му значеле, ниту пак камо ли сега кога една нова групација призната и целосно прифатена, МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ, што го трасира и забрзано го оди патот на вистинската македонска обнова на духот на МАКЕДОНЕЦОТ комплетно различен од вашата срамна понуда за предавства, понижувања, страв, обезглавеност и обесчестеност.

МАКЕДОНСКИОТ ДУХ е повторно на големата сцена, вредност што не може ни да се продаде ни да се купи, ни да се откине или прекрши, а бога ми најмалку лажно да се прикаже, како што вие тешки лажговци сакате да го преставите.

Знам, тешко вие што не можете да бидете обичен чесен честит човек Македонец ка сите, освен вас неколкумина. И токму затоа не се срдите и ги газите подобрите во сé од вас туку понизно покајте се, побарајте прошка од својот народ и замолете во неговото друштво да почнете да живеете и слободно да дишете.

Вака во вашите кожурци недооформени суштества, неблагодарни готовани, ќе останете за навек да живеете во “оградени трла“ или уште полошо “зоолошки градини“ изложени како ретки примероци за потсмев.

А, сигурно знаете што ќе пишува на вашите кафези. СРАМОТА – во општото објаснување, гревот поединечен.

Поврзани вести