Skip to main content

Кинопремиера на „Диџеј Ахмет“ во Скопје и Битола

Филмот „Диџеј Ахмет“, режија на Георги М. Унковски, од денеска официјално ќе има своја кинопремиера во Македонија. Во Скопје ќе се прикажува во кино „Синеплекс“ со премиера во 20:00 часот, а истовремено филмот ќе игра и во 3D киното при Центарот за култура во Битола.

Улогите ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.

Филмот минатата недела го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, а светската премиера ја имаше во јануари годинава на престижниот фестивал на независен филм „Санденс“, каде освои две награди.

Поврзани вести