Skip to main content

Перински: Дигитализацијата треба да значи поедноставни процедури, подостапни услуги и институции што ќе работат побрзо и поефикасно

Како претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ми беше особено задоволство што на настанот SMART MACEDONIA имав можност да учествувам во панел-дискусијата за дигиталната иднина на Македонија, заедно со Стефан Андоновски и Мирослав Гроздановски, објави на Фејсбук, Златко Перински.
Дигитализацијата треба да значи поедноставни процедури, подостапни услуги и институции што ќе работат побрзо и поефикасно во интерес на граѓаните.
Голема благодарност до членовите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за посветеноста и трудот со кои организираа настан за паметење, како и до сите што дојдоа и беа дел од оваа дигитална приказна.
Продолжуваме со нови идеи, отворени разговори и конкретни чекори кон дигитализација и олеснување на пристапот до услуги за сите граѓани.
Градски, урбано, заедно!, напиша Перински.

Поврзани вести