Skip to main content

Николоски – Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредувањето на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области беа во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Особено беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу двете држави како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата, информираат од Министерството за транспорт, беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Поврзани вести