
Британскиот актер Реј Винстон синоќа на 31-от Филмски фестивал во Сараево го доби „Почесното срце на Сараево“ за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност.
Наградата му ја врачи во Народниот театар во Сараево директорот на фестивалот Јован Марјановиќ, кој рече дека делото на Винстон го претставува најдоброто што киното може да го понуди: „длабочина, значење и одлични приказни што одат подалеку од обичниот спектакл“.
По добивањето на наградата, Винстон им се заблагодари на организаторите и на публиката, нагласувајќи дека Сараево го потсетува на моќта на културата да ги зближува луѓето и дека овој фестивал е „посебен затоа што е создаден во најтешките времиња и успеал да изгради мостови преку филмот“.
Она што го прави оваа работа, ако имате среќа да бидете во оваа индустрија, е да ве води на места каде што вообичаено не би оделе како турист.
Ги запознавате луѓето таму и тоа е вашето образование за светот. Треба да се вратам кога не е фестивал, да останам подолго и да се забавувам, бидејќи навистина го сакам ова место“, рече Винстон.
Пред церемонијата, бројни познати личности од светот на седмата уметност прошетаа по црвениот тепих, а Винстон дури успеа да потпише и неколку автограми за своите обожаватели.
Винстон е познат по своите улоги во филмовите „Scum“, „Nil by Mouth“, „Sexy Beast“ и „The Proposition“, додека неговите други дела вклучуваат „Jaws“, „Studengora“, „Gunman“, „King Arthur“ и други.