Skip to main content

Почесното срце на Сараево за холивудскиот актер Вуди Харелсон

Фејсбук профил на Сараевски филмски фестивал

Американскиот актер Вуди Харелсон го доби Почесното срце на Сараево за неговиот извонреден придонес во филмската уметност во преполното летно кино „Металац“. Наградата му ја врачи Јован Марјановиќ, директор на Филмскиот фестивал во Сараево, а публиката го поздрави со долг аплауз. По церемонијата, актерот им се придружи на публиката на проекцијата на филмот „Добредојдовте во Сараево“, во кој играше една од главните улоги.

Во својот говор, Харелсон ги поздрави Горан Вишњиќ, со кого глумеше во тој филм, како и Емира Нушевиќ Нухиќ, која се појави во филмот како единаесетгодишно дете, пишува Klix.ba.

фото: Фејсбук профил на Сараевски филмски фестивал

Кога дојдов тука веднаш по војната, тоа беше огромен шок. Уништувањето беше незамисливо. Многумина од вас, се разбира, знаат за што зборувам. Некои од вас можеби се премногу млади за да се сетат. Но… Босанците имаат мрачна шега дека Србите, додека копале една од масовните гробници, се надевале дека ќе најдат нафта за да се вмеша Америка“, рече Харелсон.

Филмот „Добредојдовте во Сараево“ премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1997 година, а беше прикажан и на третиот Сараевски филмски фестивал истата година. Заплетот е базиран на книгата „Приказната на Наташа“ од британскиот новинар Мајкл Николсон и ја раскажува потресната приказна за војната во Босна и Херцеговина и новинарите кои известувале од Сараево за време на конфликтот.

Фејсбук профил на Сараевски филмски фестивал

Поврзани вести