
Автобус од Косово се преврте во близина на Минхен, Германија. Според првичните извештаи, 30 лица се повредени, а компанијата која управува со автобусот наведува дека три лица се здобиле со полесни повреди. Полицијата и итната помош интервенирале на местото на несреќата.