
Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Мојковац–Колашин во Црна Гора, откако автобус со околу 90 ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа.
Според првичните информации, на коловозот паднал одрон, по што возачот се обидел да го избегне, но автобусот со предниот десен дел удрил во карпата.
Меѓу повредените се четворица ученици и водачот на патувањето. Учениците се полесно повредени, додека водачот се здобил со потешки повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Останатите повредени биле згрижени во болницата во Бијело Поле. По несреќата, учениците биле транспортирани кон Подгорица со други возила и автобус обезбеден од туристичката агенција, а дел од нив биле преземени од родителите.
Возачот бил алкотестиран и, според полицијата, не бил под дејство на алкохол. Надлежните го истражуваат случајот и ги утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.

Македонски


