
„Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев го продадоа името“, изјави пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.
Петрушевски го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ги лаже граѓаните и дека, како што рече, е подготвен да го продава идентитетот и јазикот за да дојде на власт.
Според Петрушевски, зад политичките амбиции на Филипче стојат и интереси поврзани со корупција и тендери. Тој упати обвинувања за наводни провизии при изградбата на модуларните болници, набавката на вакцини против КОВИД-19, како и за добивање автомобил „Ауди Q8“ од фирми на кои, според него, им биле местени тендери.
„Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира“, рече Петрушевски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, како што наведе, нема да дозволат Македонија да биде „на продажба“.

Македонски


