Skip to main content

17-годишник криумчарел мигранти

Вчеравечер во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница.

При преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести