Skip to main content

Филмот „Фантази“, словенечко-македонска копродукција премиерно прикажан на Фестивалот во Локарно

Фејсбук профил на Агенција за филм

Филмот „Фантази“, долгометражното деби на словенечката режисерка Кукла, на осми август ја имаше својата светска премиера во официјална конкуренција „Синеасти на денешницата“, на 78. Филмски фестивал во Локарно, Швајцарија, соопштија од Агенцијата за филм.

Филмот е во продукција на „Децембер“ од Љубљана, а македонски малцински копродуцент е „Круг филм“ од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Дел од филмот е снимен во Крушево во 2023 година, со учество на бројна екипа од Македонија, меѓу кои како автори се јавуваат сценографот Михаил Панев, кастинг директорката Александра Кардалевска, актерките Марија Новак, Душица Стојановска-Настовска, а улоги остварија и Василка Костадиноска и Љубиша Бојовиќ. Продуцент од Македонија е Дејан Крајчевски.

Филмот исто така е во официјална конкуренција на претстојниот Филмски фестивал во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што на 17.8.2025 година, ќе ја има својата регионална премиера.

Поврзани вести