Skip to main content

Маж од тетовско село на автобуска се самозадоволувал пред 4-годишно девојче и нејзината мајка

МИА архива

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Фалише, осомничен за кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг според член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На јавно место, на автобуска постојка, пред 4-годишно девојче и нејзината мајка, осомничениот се самозадоволувал. Жената и детето веднаш се обратиле за помош на друго лице присутно во близина, кое реагирало, по што осомничениот се покрил и избегал, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи. Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани вести