
За тесто:
500 мл млака вода
5 лажици шеќер
1 лажица сув квасец
200 мл масло
1 кесичка прашок за пециво
2 прстофат сол
1100 гр брашно
За филот:
500 гр ореви
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени во млака вода ставете една лажица сув квасец и 5 лажици шеќер. По 5 минути додадете масло, прашок за пециво, сол и брашно. Замесете тесто и оставете го да нарасне. Потоа поделете го на 4 дела. Расукајте со сукало, па премачкајте и виткајте ја штрудлата. Потопете ги оревите во вода. Додадете ги шеќерите и сè сварете додека не се раствори шеќерот. Премачкајте го филот преку тестото и свиткајте го во ролна. Печете ја штрудлата во рерна загреана на 200 степени додека не порумени.