
Едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и се наоѓа во Полициската станица Карпош, неофицијално дознава 4NEWS.
Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за приведувањето.
Досега е познато дека во СВР Скопје денеска околу 9.15 часот М.А. пријавила дека во куќа на улица „Ѓурчин Кокале“ во скопската населба Ѓорче Петров ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот. Како што информираат од МВР, Итната медицинска помош констатирала дека на телот има видливи траги од насилство. Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција.
Ова е втор ваков случај во Ѓорче Петров за само неколку дена. Во четвртокот, 22 октомври, со траги на насилство беше пронајдено телото на 62-годишен маж.

Македонски

