
Македонската ракометна репрезентација со натпреварот против Луксембург ги стартува натпреварите од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028. Прв противник ни е селекцијата на Луксембург, а македонскиот тим ја има фаворитската улога на овој дуел што се игра на 4.ноември (среда) во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.
Билетите за натпреварот се достапни во продажба на следниот линк: https://mktickets.mk/event/mkd-lux/
Следниот натпревар македонските ракометари го играат на 8.ноември (недела) во Халкида против Грција. Третиот ривал во групата 8 е репрезентацијата на Шведска, а дуелите против оваа репрезентација македонските ракометари ќе ги играат во март следната година.

Македонски

