Skip to main content

Украдени ореви и бадеми од ниви во Кавадарци

архива

Поголема количина на ореви и на бадеми биле украдени од ниви кај Кавадарци.

Како што соопштува МВР, вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода С.Ј.(64) од село Марена, и И.Б.(57) од село Мајден, кавадаречко.

Тие се сомничат дека од нива во место викано „Краиште“,  кавадаречко, сопственост на правно лице, одзеле поголема количина ореви, соопшти МВР.

Исто така, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со О.С.(59) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека од нива, сопственост на правно лице во место викано „Белград“ кавадаречко, одзел бадеми. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Поврзани вести