Skip to main content

Син се обидел со кола да го истурка од пат татка си (79) кој бегал од него

Син се обидел со кола да го истурка од пат татка си, откако претходно го нападнал во нов случај на семејно насилство во Штип.

Како што соопшти МВР, вчера во 14:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Г.Т.(56) од Штип.

Според пријавеното, на 24.10.2026, по кратка расправија, физички го нападнал неговиот 79-годишен татко, кој потоа се обидел да побегне со возило, по што Г.Т. го следел со неговото возило и го удрил со намера да го исфрли од коловозот. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести