Skip to main content

Велешко училиште пријавило девојче со видливи повреди, нејзината старателка повикана в полиција

Од Центарот за социјални работи Велес вчера во СВР Велес пријавиле дека од стручна служба во основно училиште во Велес биле известени дека кај нивна ученичка биле забележани видливи повреди, по што кај детето бил извршен  лекарски преглед.

Во врска со пријавеното, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 57-годишна велешанка, законски старател на детето, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Поврзани вести