Skip to main content

Мицкоски на средба со претседателката на Парламентот на Косово: Преку отворен дијалог и засилена регионална соработка можеме да придонесеме за поголема стабилност, економски развој

Премиерот Мицкоски денеска имаше средба со претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу.На средбата разговарале за унапредување на билатералната соработка и зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.

Верувам дека преку отворен дијалог, меѓусебно почитување и засилена регионална соработка можеме да придонесеме за поголема стабилност, економски развој и забрзана европска интеграција на регионот, истакна Мицкоски.

Поврзани вести