Skip to main content

Тетовски бизнисмен обвинет за даночно затајување во период од 10 години

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против Б.Ф. и четири компании поради сомневање за даночно затајување. Според обвинението, Б.Ф. како сопственик и управител на неколку компании од Тетово, во периодот од 2013 до 2023 година, се обидел да го намали данокот на добивка. Тој префрлал пари на себе и на други фирми без да ги пријави и без да ги плати даноците за тие трансакции. Притоа, не ги враќал позајмиците и не ги отфрлал застарените побарувања, што довело до намалување на даночната основа.

Со овие дејства, тој избегал да плати вкупно 16.085.644 денари данок на добивка. Управата го обвинува за кривично дело даночно затајување.

Како што информираат од Управата, пријавениот е сопственик и управител на Друштвото за производство, транспорт, трговија и услуги „БИБАЈ ГРОУП“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, управител на Друштвото за производство, транспорт, трговија и услуги „БИБАЈ“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, сопственик и управител на Друштвото за транспорт, трговија и услуги „Про Тире“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово и сопственик и управител на Друштвото за трговија и услуги „РАЕН“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово

Поврзани вести