Skip to main content

Во велешки театар се подготвува „Годо“

Со големо задоволство го најавуваме почетокот на работата на новиот театарски проект „ГОДО“, современа авторска адаптација по мотиви на култното дело „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, велат од театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес.

За првпат во македонскиот театар се реализира копродукција од ваков обем, која обединува четири различни институции и уметнички тимови во заедничка мисија – создавање на ново, современо и автентично сценско читање на едно од најзначајните драмски дела на 20 век.

„ГОДО“

– по мотиви на „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет

Проектот е копродукција помеѓу:

Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес

НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

ЕДУИНФО МЕДИЈА – Штип

Режисер: Ѓорѓи Ризески

Идеја и адаптација: Ѓорѓи Ризески и Ефтим Трајчов Ѓаурски

Сценограф: Филип Коруновски

Костимограф: Моника Гачева

Композитор и изведба на музика во живо : Сашко Костов

Кореограф: Сања Русеска

Фото: Крсте Шупев

Улоги:

Ефтим Трајчов Ѓаурски

Марко Трајковиќ

Жарко Спасовски

Марија Бреслиска

Јоана Панзова

Инспициент: Славиша Ѓеоргиев

Суфлер: Орхидеја Дукова

Технички раководител: Никола Игнов

Светло: Марјан Тодоровски, Зоран Јордев

Тон: Сашко Костов

Гардеробер: Елена Кочановска

Шивач: Панче Стојменов

Реквизитер: Благој Илиев, Сашка Данаиловска

Декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Роберто Карадаковски,Никола Спасев, Александар Костов, Игор Стоиљковиќ и Леонид Николов.

Проектот е поддржан од Општина Штип и „Штипско културно лето“.

Спонзори:

Telecabel

Longurov Print Studio

Следуваат интензивни проби, креативен процес и создавање на сценско дело кое низ современ јазик ќе ги отвори прашањата за човекот, иднината, технологијата, надежта и чекањето во 21 век.

Поврзани вести