Skip to main content

Ин мемориам: Почина Владо Јаневски

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст. Веста предизвика голема тага кај неговите бројни обожаватели, кои со децении ги следеа неговите песни и настапи.

Јаневски беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, со богата музичка кариера и шест студиски албуми зад себе, објави 4news.mk Зад себе остави голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и литература. Во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а свирел клавир, гитара и тапани.

Во својата богата кариера настапувал на бројни домашни и меѓународни фестивали. Во 1998 година стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Настапувал и на Југовизија во Белград, како и на престижни фестивали во Белорусија, Ирска, Турција, Египет и други земји, оставајќи значаен белег на македонската музичка сцена.

Меѓу неговите познати албуми се „Парче душа“ (1993), „Сè најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996) и „Има нешто посилно од сè“ (2002).

Со неговото заминување, Македонија изгуби еден од највлијателните и најсаканите музички уметници, чии песни ќе продолжат да живеат меѓу генерации слушатели.

Поврзани вести