Дали поранешна директорка, поврзана со позната веледрогерија, додека има активно боледување патува низ светот?!
Членови на семејствата на пациенти чија здравствена состојба ја следела оваа докторка, до нашата редакција испратија известување дека ја виделе како шета во светски центри.
Нејзините паценти велат дека таа наместо да им помогне го шета светот.
Фамилијарната веледрогерија до која наводно е блиска докторката ги злоупотребува најтешко болните, тврдат членови на семејствата на пациенти кои претходно ги следела оваа докторка но кои разбирливо сакаат да останат анонимни.
Тие тврдат дека иако ја барале докторката на Клиника, во последните неколку месеци нитуеднаш не била на Клиниката.