Skip to main content

Ирански министер за одбрана: Нема да бидеме ни изненадени, ниту пасивни пред заканите

Министерот за одбрана на Иран, генерал Сардар Ибн ал-Реза, денеска изјави дека „непријателите на земјата нема да ја затекнат иранската нација ниту изненадена, ниту пасивна“.

Неодамнешните изјави на непријателот, иако изнесени во контекст на психолошки операции и кибер војување, ги набљудуваме како секоја друга закана која е вистинска и вредна за внимание. Нема да бидеме ниту изненадени, ниту пак пасивни; заканата ја земаме како основа за зголемување на подготвеноста, зајакнување на одвраќањето и зголемување на сопствената моќ, се наведува во објавата на Ал-Реза на Х.

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно му се закани на Иран со моќни американски воени удари.

САД се подготвени да дејствуваат против Исламската Република Иран на нивоа на воен терор, сила и моќ што не се видени од Втората светска војна. И покрај тоа, Иран и другите земји од Блискиот Исток штотуку нè замолија да запреме каков било напад бидејќи рамките на договорот се усогласени. Тоа би вклучувало итно, целосно и тотално отворање на Ормуската Теснина и ставање крај на нуклеарната закана од Иран, се наведува во објавата на Трамп на мрежата Трут Соушл.

Поврзани вести