
Три лица загинаа, а најмалку 21 се тешко повредени во силната експлозија што го погоди елитниот ресторан во центарот на Москва, недалеку од Кремљ.
Според наводите на руските медиуми, во ресторанот во тој момент, наводно, се одржувала приватна прослава по повод роденденот на еден руски генерал, на која присуствувале високи воени и државни функционери.
Руските власти соопштија дека нападот го извршила жена која носела импровизирана експлозивна направа. Во експлозијата загинале таа, еден припадник на обезбедувањето и еден гостин во ресторанот.
Сведоци наведуваат дека голем број од присутните се здобиле со тешки повреди и дека сцените по детонацијата биле стравични.
Според пишувањата на руските медиуми, жената се претставила како курир и се обидела да внесе пакет, тврдејќи дека во него има подарок. Обезбедувањето ја запрело за проверка, а експлозивната направа детонирала додека чуварот ја прегледувал кутијата.
Се наведува дека бомбата била наполнета со метални куглички, а нејзината разорна моќ се проценува на околу еден килограм ТНТ.
Одделни извори тврдат дека експлозивната направа можеби била активирана со далечинско управување, како и дека жената која го носела пакетот можеби воопшто не знаела дека пренесува бомба.
Експлозијата се случила пред летната тераса на луксузниот италијански ресторан „Балзи Роси“, токму во моментот кога гостите пристигнувале на настанот. Се претпоставува дека строгата контрола на влезот спречила бројот на жртви да биде уште поголем.
Според наводите на медиумите, пред објектот биле паркирани повеќе возила со црни регистарски таблички, какви што користат руските вооружени сили и безбедносните служби.
Меѓу возилата, наводно, бил и луксузен „Мајбах“ во сопственост на рускиот пратеник Зелимхан Муцоев, додека меѓу гостите, според извештаите, бил и заменик-министерот за одбрана на Русија, Јунус-Бек Евкуров.
Во првите моменти по експлозијата се сомневале дека причината е истекување на гас во кујната, но подоцна руските власти соопштиле дека станува збор за експлозивна направа.
🇺🇦🇷🇺 #UPDATE | New footage has emerged from the scene. Reports indicate the main target of the Moscow blast was Colonel General Aleksandr Chaiko, Commander of Russia's Aerospace Forces. The explosion at his birthday party proves even top military brass are no longer safe in… pic.twitter.com/V4ZJNfznA2
— Burak Keskin (@Burak_Keskin85) August 1, 2026
Телеграм-каналот VČK-OGPU, за кој се смета дека е близок до руските безбедносни структури, објави дека експлозивна направа била активирана на верандата на ресторан и дека во моментот на експлозијата таму се одржувал приватен настан за висок државен функционер.

Македонски


