
Украина и Унгарија се договорија да спроведат консултации во врска со унгарското малцинство, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Тој денеска соопшти дека за време на викендот имал „конструктивен и содржаен“ разговор со својата унгарска колешка Анита Орбан.
Двајцата се договориле оваа недела да се одржи круг унгарско-украински консултации на експертско ниво, „за да се најдат практични и одржливи решенија за унгарското малцинство во Закарпатската област“, истакна Сибиха.
„Подготвени сме да работиме со новата унгарска влада за сите прашања од нашата билатерална агенда, вклучувајќи ја и темата за националното малцинство, со цел да се обноват довербата и добрососедските односи меѓу нашите земји“, напиша Сибиха на социјалната мрежа Икс.
За време на разговорот со Анита Орбан, Сибиха го покренал и прашањето за напредокот на Украина на патот кон членството во ЕУ и ја потврдил подготвеноста на Киев да ги отвори преговарачките кластери што е можно поскоро.
Извор: МИА

Македонски

