Skip to main content

Шестмина ранети во ноќешните руски напади врз објекти во Одеса

Шест лица се повредени во текот на ноќта при напад врз Одеската област, од кои петмина се хоспитализирани, соопшти претседателот на локалната воена администрација, Олег Кипер.

Во нападот е оштетена енергетската и цивилната инфраструктура во регионот, информира Кипер преку неговиот Телеграм профил.

„Беше погоден објект на енергетската компанија ДТЕК во Одеса. Без електрична енергија останаа речиси 41 илјада домаќинства. Енергетските екипи работат на обновување на снабдувањето“, соопшти Кипер, мислејќи на најголемиот приватен енергетски оператор во Украина.

Според него, уништена е и административна зграда, а оштетени се гасовод, фасади на станбени згради и образовна установа за деца.

Пожарите што избувнале како последица на нападите се изгаснати, а надлежните служби работат на отстранување на последиците.

Поврзани вести