Skip to main content

Музеј на град Скопје ќе ја отвори изложбата „Црковната уметност на 19 век во Скопје и Скопскиот регион“

На 21 мај, четврток, во 19 часот, во просториите на ЈУ Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Црковната уметност на 19 век во Скопје и Скопскиот регион. Автори на изложбата и каталогот се м-р Викторија Грозданова Коцевски и м-р Станимир Неделковски.

Изложбениот концепт опфаќа презентација на дваесеттина иконописни дела од збирката на Икони од 19 до почеток на 20 век од Музејот на град Скопје, кои се насликани од страна на најзначајните зографи на 19 век: Крсте, зограф од Велес, Дичо Зограф, Петре Пачаров Дебранец, Благој (Блаже) Дамјанов, Дамјан зограф од Крушево и Димитар Андонов Папрадишки, потоа неколку примероци на новоизработени псеудо фрески кои фрагментарно ги презентираат најзачајните теми од иконографската програма на црквите Св. Георги во село Бањани и Св. Никола во село Глуво, насликани од централната фигура на црковната уметност на 19 век, Дичо Зограф и фотографии на иконостаси создадени во 19 век од црквите од скопскиот регион.

Поврзани вести