Skip to main content

Димитриеска Кочоска оствари средба со Сивањанам: Обединетото Кралство е значаен трговски партнер на Македонија

Фото: Фејсбук/ Гордана Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска оствари прва средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.

-Разговаравме за досегашната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на економските и трговските односи, инвестициите и можностите за нивно натамошно унапредување. Обединетото Кралство е значаен трговски партнер и еден од позначајните странски инвеститори во нашата земја, истакна министерката.

Стратешкото партнерство меѓу двете земји претставува цврста основа за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес, зајакнување на економските врски и отворање нови можности за инвестиции и развој.

-Продолжуваме да градиме партнерство засновано на доверба, континуиран дијалог и заедничка посветеност кон унапредување на билатералните односи и создавање подобар економски амбиент за граѓаните и компаниите, посочи Димитриеска Кочоска.

Поврзани вести