Skip to main content

Казни за ракометарот и тренерот на Прилеп

Првостепената дисциплинска комисија на Ракометната федерација на Македонија изрече шестмесечни суспензии за ракометарот на Прилеп, Бојан Наскоски, и тренерот Рубин Богојески.

По разгледувањето на записникот од натпреварот меѓу кадетските екипи на Прилеп и Алкалоид, видео-снимката и дополнителните изјави на официјалните лица, комисијата одлучи Наскоски да добие забрана за настап во ракометниот спорт во времетраење од шест месеци.

Истата казна ја доби и Богојески, но во неговиот случај станува збор за забрана за вршење на сите функции во ракометниот спорт во период од шест месеци.

Одлуката е донесена на 19 ноември, врз основа на член 113 од Дисциплинскиот правилник на РФМ. Против неа е дозволена жалба до второстепениот орган во рок од осум дена од денот на доставувањето.

Поврзани вести