
Искон (прапочеток)
Самостојна изложба на Весна Ничевска
18 ноември (среда) | 20.00 часот
изложбата ќе биде отворена до 27 ноември
Весна Ничевска е родена на 24.08.1977 во Скопје, завршила средно уметничкото училиште “Лазар Личеноски” и дипломирала во 2001 година на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на отсек Сликарство кај професорот Родољуб Анастасов.
Учествувала на повеќе групни изложби, стрип фестивали и имала неколку самостојни изложби.
Основниот предизвик во нејзината уметност е фигурата и актот , фигуративниот симболизам е најзастапен во нејзините уметнички истражувања.
На оваа изложба со наслов Искон (Прапочеток) ќе се претстави со метафорични видувања на жената како суштински дел од природата, раѓањето на светот и митологијата на разни народи низ лична призма на авторот преку 20тина слики,акрил на платно во различни формати и воедно ќе вклопи свое магиско патување низ колажи-асамблажи како дел од целото тоа патување на себе-спознавање како жена и дел од се што постои.
“Се реинвентирам, паѓам, горам и повторно се издигнувам со секој нов ден како жена на која пра-жената и ја дала улогата повторно да ја стави жената онаму каде и е местото, на пиедесталот како создател на сиот живот кој го поимаме со сите наши сетила и во таа болка на породувањето да се изроди некој нов свет – мојот креативен свет.”

Македонски



