
Фудбалерите на Ипсвич следната сезона повторно ќе играат во Премиер лигата, откако во последното коло на домашен терен го совладаа Квинс Парк Ренџерс со 3:0 и обезбедија директен пласман во најсилната англиска лига.
Ипсвич ја заврши сезоната во Чемпионшип лигата на второто место со 84 бодови, 11 помалку од Ковентри, кој од претходно ја освои титулата и директно се пласираше во Премиер лигата.
За преостанатото трето место во Премиер лигата преку плејофот ќе се борат Милвол, Саутемптон, Мидлзбро и Хал, кои ја завршија сезоната од третото до шестото место во Чемпионшип лигата.
Првото полуфинале од плејофот помеѓу Хал и Милвол ќе се игра в петок, а ден подоцна ќе играат Мидлзбро и Саутемптон.
Реванш натпреварите ќе се играат на 11 и 12 мај.
Финалето од плејофот е закажано за 23 мај на Вембли.

Македонски


