
Судскиот совет на Република Македонија, денеска, на одржаната седница разгледуваше и оценуваше извештаи за работата на судовите за четвртиот квартал од 2025 година и постапуваше по точки за формирање комисии по објавени огласи, како и по предлог за привремено упатување судии.
Во рамките на расправата беше ставен предлог судиите од Апелацискиот суд Гостивар, Емине Мурати, Даут Рустеми, Ханиф Зендели од кривичната област, како и Африм Јакупи, Златко Ангелковски и Абдула Азари од граѓанската област, привремено да бидат упатени во Апелацискиот суд Битола за период од 1 март 2026 до 31 декември 2026 година.
Како што беше посочено на седницата, предлогот произлегува од потребата за справување со работниот товар во Апелацискиот суд Битола, кој според презентираните податоци е неажурен и има зголемено заостанување од 301 предмет.
Во презентацијата на кварталните податоци за ажурноста на судовите од страна на членот на Советот и известител Антоанета Димовска беа наведени примери на судови што „го совладале приливот“ и го намалиле заостанувањето, како и судови што „не го совладале приливот“ и го зголемиле заостанувањето, при што како константен проблем беше посочен недостигот од судии и судска служба.
– Нѐ радува тоа што во четвртиот квартал најголем дел од судовите се ажурни, но повторно останува проблемот со недостиг на вработени. Тоа е нешто што е константно – посочи Димовска.

Апелацискиот суд Битола, додаде, има пополнетост на судиски места од 10 судии, по систематизација се предвидени 25, а со судска служба пополнети се 36 од предвидените 45 места.
Основниот суд Битола е ажурен и успеал да го совлада приливот на предмети и да го намали заостанувањето за 483 предмети. Бројот на судии по пополнетост на судиски места е 12 од предвидените 25 по систематизација.
Меѓу неажурните судови во апелациското подрачје за Битола се Основниот суд Охрид, кој го зголемил заостанувањето за 189 предмети, и Основниот суд Прилеп, кој го зголемил заостанувањето за 75 предмети. Апелацискиот суд Гостивар е ажурен, како и основните судови во Гостивар, Дебар, Кичево и Тетово во истото апелациско подрачје.
Во дискусијата беше отворено прашањето за причините поради кои нек од судовите во четвртиот квартал бележат трицифрено зголемување на заостанувањето и беше посочено дека за таква оценка е потребна детаљна анализа за приливот и одливот по вид и тип на предмети, како и фактори поврзани со циклуси на поднесување обвиненија и прекршочни предмети кон крајот на годината.
Членот на Советот, Ивица Николовски, во расправата укажа, како што вели, на длабоките системски проблеми со кои се соочува судството. – Ние со овие ресурси сме ставени на минимум за да може да се каже дека во оваа наша држава постојат судови. Од извештаите што ги гледаме ниеден суд нема пополнетост на судиските места во согласност со проекцијата – посочи Николовски.

Судството, додаде, не располага со доволно финансиски средства и кадар за квалитетно правораздавање.
– Денеска таа бројка што ни е одобрена како финансии, ние ја немаме на располагање. Ние очекуваме да ни се даде согласност за 200 вработувања, а само во Кривичниот суд Скопје ние имаме недостиг од судска служба од 100 луѓе – рече Николовски.
Истакна дека еден записничар работи со пет судии, што директно влијае врз квалитетот на правораздавањето и можноста странките навремено да добијат записници.
– Долгата правда е неправда, а неправдата – ниска перцепција. Иако ние со таа перцепција имаме волја да се бориме, не само Судскиот совет, туку и секој судија, но нема можност – вели Николовски.
Особено внимание на седницата предизвика расправата по претставка која се однесува на судски спор, каде што агенција за привремени вработувања тужела државен орган за рефундирање исплатен регрес за годишен одмор (К15) врз основа на владина одлука.
Членовите на Советот проблематизираа што Апелацискиот суд ја одбил тужбата на агенцијата третирајќи го односот само како облигациски договор во кој „не била предвидена исплата на регрес“, иако, како што беше посочено, постои начелно правно мислење на Врховниот суд според кое агенциите имаат право на надомест на штета од работодавачот корисник.
Во дискусијата беше посочено дека „мора да се сфати суштината на предметот за да се види дали има дисциплинска повреда, а тоа е вонстручно и несовесно постапување на судиите, особено во второстепениот суд, во однос на начелното правно мислење. Ако начелното правно мислење кажува дека агенциите за привремени вработувања имаат право на надомест на штета од работодавач корисник, како можеле повисоките судови да не го прифаќаат начелното правно мислење“.
Беше посочено дека ваквото постапување, кое еден од членовите го нарече „правна гимнастика“, создава правна несигурност и штета за странките.

Спротивставените ставови меѓу членовите се однесуваа на тоа дали судот правилно го применил Законот за облигационите односи бидејќи договорот бил склучен преку јавна набавка пред владината одлука или, пак, направил суштинска грешка со игнорирање на ставот на највисокиот суд.
Ивица Николовски во овој контекст укажа на потребата Судскиот совет прецизно да дефинира што претставува нестручно, а што несовесно постапување.
– Конкретно, Апелацискиот суд е збунет, се повикува на процесна повреда, а ја занемарува примената на материјалното право. Зошто? Ако тужбата се смета дека треба да биде платен налог, треба да се укине и нека се заземе став дали ова треба да биде постапка по платен налог – рече Николовски.
Советот одлучи претставката да се врати на доработка за да се дополни известувањето од судиите на Апелацискиот суд и да се објасни зошто е занемарена одлуката на Владата и начелното правно мислење.
На седницата беше постапено и по точката за донесување одлука за формирање комисии по објавени огласи, при што, поради престанок на мандати на членови, беше наведена потребата од ждребување за нови членови во комисиите поврзани со огласите за избор на претседател на основните судови во Гостивар, Дебар и Свети Николе, како и за комисија за уредност на пријави и исполнетост на услови по огласот од 6 февруари 2026 година за кандидати за судија на Уставниот

Македонски



