
Запрашан за позициите на Алтернативата во врска со обединувањето на „Вреди“ во еден политички субјект, Гаши, кој доаѓа од оваа политичка партија, рече дека актуелниот претседател на партијата, Беким Сали, кој воедно е и вицепремиер за евроинтеграции, има негова целосна поддршка. Гаши посочи дека нивниот став е дека обединувањето на „Вреди“ во политичка партија треба да биде засновано врз принципите на рамноправност и консензуално одлучување, без да одговори дали во Алтернативата се согласни на процентуалните поделби во органите на партијата и во власта, што се посочуваат во медиумите.
Според него, во Алтернативата повеќе се разговара за принципите и за што ќе се залага „Вреди“, за програмата…, а не за тоа кој ќе биде претседател на партијата. Тој е дециден дека „Вреди“ треба да оди кон окрупнување и дека албанскиот блок треба да се стабилизира и да има два блока, како во македонскиот, и оти се бара најдобриот начин како да се направи тоа. Најавената реконструкција на Владата, вели Гаши, не се поврзува со процесите во „Вреди

Македонски



