
Поради дефект на водоводна цевка со профил Ф100 милиметри на улицата 7 бб. во село Љубанци, денеска има прекин во водоснабдувањето за корисниците од населеното место.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот на водоснабдувањето започна во 8:30 часот и ќе трае до завршувањето на работните активности за отстранување на дефектот.

Македонски

