
Една вечер, четири кратки филмски приказни:
▪︎ „Ракетно моделарство“ | Златко Калеников
▪︎ „Дали си маж?“ | Ѓорче Ставрески
▪︎ „Еден тон сладолед“ | Сандра Ѓоргиева
▪︎ „Допир“ | Стојан Вујичиќ
Ве очекуваме на вечер посветена на македонскиот краток филм!
19 октомври | 19:00
Cineplexx – слободен влез
„РАКЕТНО МОДЕЛАРСТВО“ | Златко Калеников
19 октомври | 19:00 часот
Cineplexx – бесплатен влез
Единаесетгодишниот Калин сонува да стане космонаут или инженер што ќе гради ракети. На часовите по ракетно моделарство учи да изработува модели на ракети, додека неговата помала сестра Леа сака да биде дел од неговите проекти и игри. Но, колку туѓото влијание може да го промени патот кон неговиот сон?
Кратка филмска приказна за детските соништа и влијанието на другите врз нивното остварување, по сценарио и во режија на Златко Калеников.
Во главните детски улоги се Дамјан Ѓуроски, Матја Милан, Бранислав Пеликон и Максим Радевски, а во актерската екипа се и Никола Ристановски и Катерина Коцевска.
Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф е Александра Чевреска, а костимограф Роза Трајческа-Ристовска. Продуценти се Златко Калеников и Марија Димитрова.
Една вечер, блок од четири кратки филмски приказни:
▪︎ „Ракетно моделарство“ | Златко Калеников
▪︎ „Дали си маж?“ | Ѓорче Ставрески
▪︎ „Еден тон сладолед“ | Сандра Ѓоргиева
▪︎ „Допир“ | Стојан Вујичиќ
Ве очекуваме на вечер посветена на македонскиот краток филм!

Македонски

