Skip to main content

Поетско – музичка манифестација „Љубов и вино“ денеска во ЦК „Марко Цепенков“

На 13 февруари 2026 /петок/ од 18.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп.

– Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а се одржува по четврт пат. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и св. Валентајн – Денот на вљубените – велат организаторите.

На манифестацијата  со љубовна поезија ќе се претстават 30 поети  од Клубот на литеаратурни творци – прилеп и творци од гардот, а гостин ќе биде КУД „Преродба 2024“.

Поврзани вести